Македонската православна црква собра речиси 10.000 евра на аукцијата на која ги продаде трите лопати, со кои претпладнево беше поставен камен темелникот за изградба на црквата „Света Лидија Македонска“ во населбата Ченто.
По завршувањето на церемонијата за осветување на камен темелникот, која ја водеше Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, се одржа наддавање, на кое златната лопата, за сума од 5.000 евра, ја купи ктиторот на црквата, Ѓорѓи Вуков, објави Телма.
Сребрената лопата достигна цена од 3.000 евра, додека најмногу пари, 1.500 евра, за бронзената лопата понуди градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски. На аукцијата наддаваше и скопскиот градоначалник, Коце Трајановски, но не успеа да купи ниту една од трите понудени лопати.
Од МПЦ објаснуваат дека ова е еден од начините за прибирање средства за изградба на православни објекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.