Средношколците во Македонија имаат многу недостатоци во исхраната почнувајќи од тоа колку пати јадат во текот на денот, па до тоа каква храна јадат, покажало истражувањето што го направил Факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Со анкетата што ја спровеле студентите од втора и од трета година под раководството на проф. д-р Ангела Василеска биле опфатени 550 испитаници од подрачјето на целата земја.
– Речиси 30 отсто од средношколците јадат еднаш или двапати во денот, 35 проценти го пропуштаат појадокот за кој сите стручни и научни лица сметаат дека е најважен оброк. Дури 54 отсто од испитаниците одговорија дека храната што ја јадат во училиштата се состои обично од печива, а 42 отсто од испитаниците јадат брза храна повеќепати во текот на неделата. Загрижувачки е и податокот што дури 54 проценти за ужина јадат снек-производи или чоколади, грицки, обланди…, се наведува во анализата на истражувањето.
Најважните продукти, овошје и зеленчук, ги консумираат повеќе пати во денот само 28 отсто, а рибата, богата со омега-3 масни киселини ја консумираат редовно само 33 проценти. Загрижувачки е и податокот што газираните сокови ги пијат редовно 44 проценти, а природни сокови само 32 отсто. Испитаниците се изјасниле дека алкохолот го консумираат најмногу за време на викенди, и тоа 38 отсто од младите. Според пресметувањето на БМИ, од македонските средношколци 13 проценти се недоисхранети, 14 дебели, а 3 отсто се екстремно дебели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


