Ако ви се расипе купениот нов телевизор или шпорет во првите петнаесет дена од гарантниот рок трговецот од каде што сте го купиле ќе мора да ви даде нов. Не е шега, туку право што ќе бидеобезбедено со новиот закон за заштитата на потрошувачите, кој треба да се донесе следната година.
Повикувајќи се на законот, ќе може да го вратите и фустанот што сте го купиле без да го пробате и сте сфатиле дека не ви се допаѓа. И тоа нема да мора да го замените за друг како досега, туку ќе може да ги добиете назад и вашите пари, пишува Дневник.
Во Министерството за економија велат дека новиот закон е планиран за следната година, откако ќе почне имплементацијата на ИПА-проектот за заштита на потрошувачите. Соседните земји веќе го донесоа законот, кој е правен според европските закони и тамошните трговци веќе наголемо негодуваат за одредени одредби. Надлежните велат дека потрошувачките права уште в година ќе станат европски и оти конечно потрошувачот, наместо трговецот, ќе бидат на прво место.
– Нов закон за заштита на потрошувачите е предвидено да се подготви со ИПА-проектот за хармонизација на законодавството на полето на заштитата на потрошувачите. Во него ќе бидат инкорпорирани сите директиви што се однесуваат на заштитата на потрошувачите, со што ќе транспонираат и новите директиви од ЕУ. Последните извештаи од кај нас се дека евалуираат понудите за новиот ИПА-проект, и се очекува да почне да се реализира во почетокот на 2015 година и ќе трае две години – велат во Министерството за економија.
Освен законот, треба да се донесат и нови правилници, кои ќе ги штитат потрошувачките права. Нови правилници ќе се носат и од Агенцијата за храна, Агенцијата за електронски комуникации, Државниот пазарен инспекторат и други.
Во Организацијата на потрошувачите на Македонија велат дека нашиот закон е зрел да се замени и тоа што побрзо.
– Законот за заштита на потрошувачите на Македонија претрпе веќе четири измени. Во меѓувреме излегоа и неколку брошури за заштита на потрошувачките права, кои треба да се имплементираат во него. Затоа како организација што ги штити потрошувачите сметаме дека новиот закон треба да се донесе што побрзо – изјави неодамна Маријана Лончар, претседател на ОПМ.
Според досегашниот закон, ако производот ви се расипе, во никој случај не можевте да си ги вратите парите. Трговецот беше должен да го однесе на поправка во сервис, а нов апарат можеше да се добие само во случај ако сервисерот каже дека истиот не може да се поправи. Искуствата кај нас велат дека и покрај поплаките, речиси секогаш потрошувачите го извлекувале подебелиот крај.
Dnevnik.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст