| четврток, 6 декември 2018 |

Швајнштајгер се враќа на терените, ќе ги одигра првите минути оваа сезона за Баерн Минхен

Германскиот репрезентативец и член на Баерн Минхен Бастијан Швајнштајгер се враќа на терените по пауза од 4 месеци односно точно 132 дена.
Неговиот последен натпревар беше финалето на светското првенство во Бразил каде со својата репрезентацијата се искачи на пиедесталот, а неколку дена потоа ги истегна лигаментите на коленото и мораше да паузира подолг период за рехабилитација.
Ова го потврди и првиот човек на клупата на баварците Пеп Гвардиола, кој рече дека Бастијан е подготвен за да се врати на терените.

– Бастијан ќе биде во составот натпреварот против Хофенхајм. Тој е целосно заздравен од тешката повреда и е подготвен за настап. Нема да форсирам и ќе му дадам шанса да одигра некоја минута при крајот на натпреварот – изјави Гвардиола.

Натпреварот се игра денеска на Алијанц Арена во Минхен со почеток од 15.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top