| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Белград: БМВ со шест млади лица падна во Дунав

Шест млади лица на возраст од 16 до 20 години во раните утрински часови со автомобил марка БМВ влетаа во Дунав, КАЈ населбата Ада Хуја во Белград. Несреќата се случила утрово околу 4 часот кај еден ресторан, пренесе „Танјуг“

Од водата биле извлечени тројца, а по останатите три лица трагаат речната полиција и екипа на Брзата помош.

Извлечени се 19-годишно момче со хипотермија и знаци на агресија, 18-годишна девојка, исто така, со хипотермија и момче од 20 години со хипотермија и скршеница на левата надлактица.

Последните информации се дека автомобилот е пронајден и се чека кранот со кој ќе се извлече од водата и ќе се види дали останатите патници останале заробени во него.

Нови информации тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top