| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските власти побарале информации за 12 профили на „Фејсбук“

Македонските власти испрати барање до „Фејсбук“, да добијат информации за 12 профили на „Фејсбук“. Од компанијата одговориле позитивно во 40 отсто од случаите, се вели во нивниот извештајот.

Според податоците од овој извештај вакви барања биле испратени од 80 држави.

– Властите бараат информации за луѓе кои користат „Фејсбук“ во случаи кога станува збор за полициска истрага. Најчесто овие барања се поврзани со криминал, грабеж и киднапирање. Повеќето од овие владини барања имаат врска со базата на податоци на корисници, за кои има интерес за нивната IP адреса, како и содржината на профилот  – објаснува „Фејсбук“.

Секое барање детално се анализира за неговата законитост и легитимност.

– Од надлежните органи се обидуваат да ни дадат детални описи со кои се докажува легалноста и легитимноста на барањето. Ако ние не најдеме доволно правни оправдување, можеме да го одбиеме барањето – објаснуваат од „Фејсбук“.

Извор: portalb.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top