| четврток, 6 декември 2018 |

Ирачките Курди бараат од САД оружје за борбата против ИД

исламистиИрачките Курди упатија апел до американските функционери да им испратат тешко вооружување со цел да се борат против „Исламската држава“.

Штабот на Пешмерга наведе дека за борбата против радикалните суните неопходни им се хеликоптери, тенкови, артилерија и „секаква останата помош“.

– Не можеме да се бориме со оружјето што го имаме. Потребно ни е нешто друго, а без тоа мислам ќе биде многу тешко, дури се сомневаме и дека ќе ги ослободиме своите територии, наведе Фуад Хусеин, советник на претседателот на Курдистан Масуд Барзани.

Американските медиуми наведуваат дека администрацијата во Вашингтон, која веќе испрати „лесно“ вооружување, се плаши да испрати и „тешко“ бидејќи Курдите би можеле да го искористат за барање независност од Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top