| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ и ДПА незадоволни од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за Струга и Кичево

dui dpa

Откако најавата за коалицирање во Кичево и Струга на локалните избори почна да се остварува, претставниците на албанските партии во Македонија, ДУИ и ДПА реагираа дека тоа не е добро за мултиетничките средини. Според нив, тоа може да предизвика голема поделба меѓу Албанците и Македонците.

– Знаете добро дека ние стружани во 2009 година се поделивме на етнички блокови. По изборите се потрудивме во локалната коалиција да има македонска советничка група и тоа го постигнавме. Но, повторно гледам дека се оди на поделба на етнички блокови што е вознемирувачки за Струга која тежнее да ги респектира сите етнички заедници – изјави Рамиз Мерко, шеф на општинскиот изборен штаб на ДУИ во Струга.

И во ДПА сметаат дека потегот на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ може негативно да се одрази на демократските процеси во Струга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top