| четврток, 6 декември 2018 |

Во Атина нападната полициска станица

atina
Во Центарот на главниот град на Грција, Атина е нападната полициска станица. Група од дваесетина лица фрлила молотиви коктели  и запалила два моторцикли пред да успее да побегне. Нема повредени, а засега никој не е уапсен.
Полицијата соопштила дека на станицата се фрлени 10 молотови коктели, а  пожарот бил  изгаснат.
Еден од запалените моторцикли бил во сопственост на станицата, додека другиот бил на некој цивил.
Полициските станици во Грција често пати се цел на напади на анархистите. Тие најчесто користат молотови коктели, а многу ретко со огнено оружје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top