| четврток, 6 декември 2018 |

Осум лица загинаа во несреќа на воен хеликоптер во Романија

хели

Воен хеликоптер со десет патници се урна утрово во шумската област во централниот романската област Сибиу, соопштија романските медиуми.

Медицински извори информираа дека осум лица загинале, а двајца се повредени и наоѓаат во многу тешка состојба.

Информацијата беше потвдена и од Инспекоратот за вонредни состојби во областа Сибиу, кој прецизираа дека двете повредени лица се здобиле со тешки изгореници и веднаш се хоспитализирани.

Романскиот министер за одбрана Мирча Душа рече дека веднаш по несреќата испратил технички тим, кој ќе ги истражува причините за инцидентот, прецизирајќи дека видливоста во реонот била намелена.

Вицепремиерот задолжен за национална безбедност Габриел Опреа веднаш се упатил со криминалистички тим кон местото на инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top