| четврток, 6 декември 2018 |

Ученик шверцувал храна во училиште, заработил 14 илјади фунти за школување

pareБритански малолетник се најде среде медиумското внимание во Манчестер, откако беше откриен дека заработува со „шверцување и продавање на слатки, грицки и пијалоци“ на соучениците. Проблемот е во тоа што Томи Рос е дел од училиште во кое се практикува здрава исхрана.

Колку и да делува наивно Томи заработил 14 илјади фунти. Дури имал и двајца „помошници“ кои заработувале по 5,5 фунти дневно. Дневниот пазар му изнесувал околу 60 до 70 фунти.

Томи имал цел- да заработи доволно за да може да си ги подмири идните универзитетски трошоци, а има желба да се запише на некој од најдобрите, како Оксфорд или Кембриџ. Идејата ја добил гледајќи ги емисиите за поттикнување на претприемачкиот дух, како што е „Практикант“ (The Apprentice).

pare2Интересно е тоа што неговите родители за медиумите посочиле дека знаеле за неговите активности, но го оставиле „ да се развива“ бидејќи како велат, тие немале можност да му обезбедат врвно школување, а и интересно им било како тој учел да штеди и оплодува капиталот. Таткото дури признава дека кога тој бил на воздраст на неговиот син, не ни можел да замисли да заработи толку пари.

Сега малиот бизнисмен се соочува со истрага заради „развивање на црн пазар“, шверц, кршење на училишните правила и можност да биде времено или целосно отстранет од училиштето. Томи ова го работел повеќе години. За тоа веќе заработил 10 дена суспензија во претходното училиште во 2011.

Но, дури и училишниот директор вели дека е „воодушевен од неговиот претприемачки зафат“, но и дека училишниот двор не е место за развој на црн пазар. „Имамевисоки стандарди за здрава исхрана и не дозволуваме зашеќерени енергетски пијалаци и големи количини на различни штетни слатки заради здравјето на нашите ученици. Сето тоа им е објаснето и на учениците и на родителите на почетокот на годината“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top