| четврток, 6 декември 2018 |

Американските компјутерски системи во опасност

NSA Phone RecordsКина и веројатно една или две други земји имаат капацитет да нападнат и евентуално да урнат компјутерски системи на американските компании и воздухопловни мрежи, изјави директорот на американските Агенција за национална безбедност (НСА), адмирал Мајк Роџерс.

Говорејќи пред членовите на Комитетот за разузнавачки активности на американскиот Претставнички дом на тема кибернетски закани, Роџерс рече дека дигиталните напаѓачи се во можност да влезат во таквите системи и да се изврши извидувачка мисија.

Тој нагласи дека таква способност имаат Кина и уште една или две други земји, но не прецизираше за кои држави станува збор.

Портпаролот на кинеското Министрство за надворешни работи Хонг Леи на денешната редовна конферненција за новинарите рече дека Владата на Кина, забранува кибернетско хакирање и дека земјата често е жртва на напади што доаѓаат од САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top