| четврток, 6 декември 2018 |

„Е-потврди за редовност“ олеснување за студентите

студенти индексиОсумдесет проценти од редовните студенти во Република Македонија за кои факултетите доставиле електронски податоци за редовно студирање во Фондот за здравствено осигурување веднаш забележале олеснување, соопшти Фондот.

Доставувањето електронски податоци за студентите, според ФЗОМ, е овозможено со новиот проект „Е-потврди за редовни студенти“, кои до сега потврдата за редовно школување требаше да ја заверат во студентски прашања, па да ја достават на шалтерите во подрачните служби на Фондот. Со новиот проект, ФЗОМ секоја нова потврда/промена за редовно школување ја добива по електронски пат од соодветната образовна установа за високо образование.

Одредени факултети укажале дека треба да направат прво техничко приспособување и до следниот семестар ќе се приклучат.

– За редовните студенти, за кои нивните матични факултети досега не доставиле електронски потврди за редовно студирање до ФЗОМ, потврдите ќе можат сами да ги достават во печатена форма во било која подрачна служба на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Оваа потврда е обрвска согласно Законот за здравствено осигурување за секој студент од 1992 година, соопшти Фондот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top