Новата епизода на „Твоето лице звучи познато“ ќе донесе и нови трансформации за натпреварувачите. Дека повторно ќе има автентични маски потврди и фотографијата на Неда Украден, која како задача ја доби имитацијата на Шабан Шаулиќ.
В недела, како и секоја епизода, на постојаното тричлено жири ќе му се придружи специјален гостин, кој, исто така, ќе го каже своето мислење и оцена за настапите на натпреварувачите. Овој пат честа му припадна на Жељко Јоксимовиќ, кој, пак, важеше за најстрогиот судија во „Икс-фактор“.
По имитацијата на Харис Џиновиќ, Елена Ристеска повторно ќе се најде во улога на поп-ѕвезда, овој пат како британската пејачка Џеси Џеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


