Пред да отпатува во Сирија за данскиот весник Политикен рекла дека подеднакво би постапила ако исламските екстремисти би ја нападнале и Данска.
– Ја сакам Данска. Тука сум порасната и ја сакам слободата на нашето општество. Ако некогаш некој ја нападне Данска, би отишла на првата линија со данското знаме околу рамената, рекла девојката.
– Но имам курдско семјство и во моментот Курдите се тие кои се нападнати од исламистите со испрани мозоци, објаснува Палани.
Таа е дел од курдската единица YPJ составена само од жени и која исламистите многу ја презираат и се плашат затоа што веруваат ако убијат жена дека нема да одат во рајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.