| четврток, 6 декември 2018 |

Бајден: Посилни санкции кон Русија

САД се подготвени да ги заострат санкциите кон Русија во случај Москва да продолжи да не ги исполнува договорите од Минск, изјави американскиот потпретседател Џозеф Бајден во интервју за украинскиот весник „Дан“ во пресрет на дводневната посета на Украина.

Според него, санкциите имале „силен ефект“ и продолжуваат да бидат корисен инструмент за подигнување на цената која Русија ќе ја плати за мешање во прашања на суверена држава.

– Што и да зборуваат нејзините лидери, руската држава е интегрирана во светската економија и санкциите имат силен ефект, кој времено само ќе се засилува, додаде тој.

Бајден, исто така, рече дека Русија и натаму има можност да ги извршува нејзините обврски од договорот, “што би овозможило укинување на некои санкции кои ги воведовме“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top