Утре ќе има времен прекин на струја за дел од корисниците во неколку скопски општини, соопшти Регионалнуиот центар за справување со кризи, по известување добиено од ЕВН Македонија.
Без струја од 08:30 до 09:30 часот ќе бидат дел од корисниците од ул. „Максим Горки“ и дел од ул.„Никола Вапцаров“ во општина Центар, а од 08:30 до 14:30 часот, дел од корисниците од село Љубанци во општина Бутел.
Од 9 до 13 ќе нема струја дел кај корисниците на ул. „Христо Татарчев“ во општина Кисела Вода, од 9 до 15 часот, корисниците од булевар Митрополит Теодосиј Гологанов од број 160 до број 186, како и корисниците од улица Јуриј Гагарин, ТЦ Олимпико, и корисниците од булевар Партизански Одреди број 70 и број 72а во општина Карпош.
Од 10 до 13 часот ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија за дел од корисниците од ул. „Крчин“, дел од ул. „Загребска“ и дел од ул.„ Леринска“ во општина Карпош, а од 10 до 15:30 часот, дел од корисниците од ул. „Арсениј Јовков“ и ул. „Црногорска“, во општина Ѓорче Петро“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


