Истражните органи потврдуваат дека двајца пејачи биле на списокот според кој организираните гласачи ги праќале пораките, но велат дека ниту еден од тројцата прво наградени. Се работи за ексклузивци на осомничените за измамата, пренесува Сител.
Јавниот обвинител веќе го завршил сослушувањето на 14. кои биле задолжени за гласање. Сите ќе бидат сведоци во судскиот процес за криминалните местеники на резултатот на скопски.
Групата иако имала две ипол илјади картички во времето предвидено за гласање успеале да искоритат само половина од нив. Вкупно испратиле илјада и петстотини СМС пораки, пренесува Сител.
Полицијата се уште ги проверува сим картичките кои беа запленети во минатонеделната акција. Тие ќе бидат главен доказ во процесот во кој треба да се докажува компјутерската измама.
Ако истрагата потврди дека тројцата наградени не биле на списокот за платено гласење, најверојатно нема да има нов избор, а наградите од министерството за култура ќе останат во нивни раце.
Во случајот засега се осомничени четири лица. Меѓу нив е и познат пејач кој не настапи на годинешното издание на Скопскиот фестивал, но бил уловен со кратичките во раце. Во кривичната пријава за злосторничко здружување и компјутерска измама полицијата ги опфати и сопствениците на продукциска куќа и управителот на друштвото кое го организирало гласањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


