Фудбалската легенда на Бугарија, Љубо Пенев е разрешен од функцијата селектор на Бугарија, сосема очекувано по шокантното реми во Софија против аутсајдерот Малта.
Бугарите не ја оправдаа улогата на апсолутен фаворит и одиграа само 1-1 со Малта, па Пенев мораше да си замине.
„До почетокот на идната година ќе имаме нов селектор. Приказната со Пенев е завршена и тој не е повеќе со репрезентацијата“, изјави Јордан Лечков, потпретседател на бугарската фудбалска федерација и уште една легенда на нашиот источен сосед.
Пред продолжението на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2016 во Франција има доста време, а нов селектор Бугарите треба да именуваат до мечот со Италија во март следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.