| четврток, 6 декември 2018 |

Каде во светот најмногу се пие пиво?

pivo

Кина води во глобалната потрошувачка на пиво за последната година, но европските држави продолжуваат да водат во рангирањето за најмногу испиени литри по жител, покажало истражувањето на „Евромонитор“.

Без изненадувања, на прво место се наоѓа меката на пивото Чешка, со испиени 143 литри годишно по човек или вкупно 1,5 милијарди литри, а по неа следува Германија со 110 литри по жител.

G

Само на овогодишниот „Октоберфест“ биле испиени 6,4 милиони литри.

Кинезите испиле цели 54 милијарди литри пиво, што, сепак, е еквивалентно само на 40 литри за секој нејзин граѓанин годишно.

По Германија, во десетката за најмногу испиено пиво по човек влегуваат: Австрија со 108 литри, Естонија со 104 литри, Полска со 100 литри, Ирска со 93 литри, Романија 90 литри, Литванија со 89 литри, Хрватска со 82 литри и Белгија со 81 литар.

Земјите со најголемо забрзување на растот на потрошувачката на пиво се претежно муслимански, како Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Индонезија и Иран.

Во истражувањето на „Евромонитор“ влегува и безалкохолното пиво.

Потрошувачката на пиво во Велика Британија трета година по ред бележи пад.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top