| четврток, 6 декември 2018 |

Ричард Гир на суд за 100 милиони долари

00020691

Поранешната сопруга на Ричард Гир во барањето за развод побарала 100 милиони долари.

65-годишниот актер, кој само минатата година заработил 82 милиони долари, се раздели со Кери Лоувел минатата година.

Таа поднесе барање за развод во јуни, во кое инсистира да добие значителен дел од богатството на актерот, кое се проценува на 250 милиони долари.

Според адвокатот на поранешниот модел, Кери го заслужува износот бидејќи се откажала од кариерата за да се грижи за 14-годишниот син Хомер, пишува „Њујорк пост“.

Двајцата се венчаа во 2002 година, а правниците на неговата поранешна жена ќе се обидат да извојуваат фер дел од богатството на американската ѕвезда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top