| четврток, 6 декември 2018 |

Бил Козби не е единствениот насилник, холивудскиот список е малку подолг

bil kozbi

Обвинението на сметка на Бил Козби за сексуален напад веќе со денови е главна вест во американските медиуми и пошироко. Повеќе од 10 жени сведочеле дека ги силувал, а добро упатените изјавуваат дека ова и не е новина, туку дека е само добро чувана холивудска тајна.

Глумецот, кој има 77 години, многумина го сметаа за еден од најголемите американски комичари, но сега е сè поизвесно дека ќе остане запаметен како човек што сексуално малтретирал жени.

Но тој и не е единствен меѓу познатите што се обвинети за силување и за насилство над жените.

majk-tajson1

Мајк Тајсон беше осуден за силување, за тоа одлежи казна затвор.

Roman-Polanski-UKJFF-20121-550x368

Роман Полански, познатиот режисер е обвинет за секс со девојче од 13 години. Тој веќе со децении е во бегство поради тоа, но сепак доби „Оскар“ и многу други филмски награди.

Поранешната жена на Бил Мареј го обвини за силување и долгогодишно психичко и физично малтретирање, исто така обвинувани се и Џон Ленон и Рик Џејмс, но и Вуди Ален. Тој не само што се ожени за својата посвоена ќерка, туку и синот го обвини дека сексуално го малтретирал. Но тоа не влијаеше многу на неговата кариера.

На овој список не е мал, на него се наоѓаат  и Мајкл Џексон, Крис Браун, кој ја тепаше Ријана, Чарли Шин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top