Германскиот четирикратен шампион во Формула 1, Себастијан Фетел од следната сезона ќе вози за Ферари.
Италијанската екипа соопшти дека потпишала договор со возачот на Ред Бул до 2017 година. Германецот во Ферари ќе вози во тандем со Кими Раиконен, а за трансферот во новиот тим рече дека со тоа му се остварил сонот од детството.
– Кога бев мал и го гледав Шумахер во црвениот болид, копнеев и јас да возам за Ферари. Сега сонот ми се оствари.
Фетел во Ферари доаѓа на местото на Фернандо Алонсо, кој в недела ќе ја вози последната трка за тимот од Маранело.
27-годишниот германски возач со вкупно 39 победи на 134 од шампионатот во Ф1 се наоѓа на четвртото место во историјата на ова натпреварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


