| четврток, 6 декември 2018 |

Расте бројот на заболени од грип

grip

Минатата недела во ИЈЗ биле пријавени  164 новозаболени од грип. Вкупната бројка се искачи на 532 случаи. Во однос на минатата недела има зголемување на бројот на регистрирани случаи за 67,3 проценти.

Во споредба со истиот период минатата година (245 заболени), постои зголемување на вкупниот број на пријавени случаи за 2,2 пати, а во однос на просекот за 10-годишниот период кој изнесува 54, се регистрира зголемување за помалку од 10 пати.

Во однос на месеците, во октомври се пријавени 270 случаи со симптоми на грип (50,8%), а во првите две недели од ноември – 262 случаи или 49,2% од вкупниот број на регистрирани. Најголем број на заболени во оваа сезона има во Тетово – 209.

Во лабораторијата на ИЈЗ оваа сезона биле анализирани 28 примероци, од кои 7 биле позитивни на вирусот на инфлуенца (2 потврдени како А/H3N2, 2 Influenza A – нетипизирани и 3 Influenza B). Изминатата недела биле анализирани 4 примероци од кои 3 се позитивни на присуство на вирусот на грип (2 Influenza A – нетипизирани и 1 Influenza B).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top