Светлана Ражњатовиќ-Цеца, вдовицата на Жељко Ражњатовиќ – Аркан, изјавила дека ѝ се гади од огромното количество гнасни и брутални лаги за нејзиниот покоен сопруг, кои не ги бива дури ни за третокласен филм. Таа го изјавила ова, откако во босански медиуми се објави исповед на босанката М. М. (42 година) од Бјелина, која раскажува дека во 1992 година била робинка на Аркан.
Жената ги опишува во детали ѕверски мачења на кои била подложена за време на нејзиното заробеништво.
Според вдовицата на Аркан, зад сето тоа стои голема пропаганда, која со години се води против српската држава и српскиот народ, пишува српскиот весник „Ало“.
– Згрозени сум од количеството гнасни и брутални лаги, кои беа изречени и кои се толку лоши, што не може да се искористат дури ни за сценарио за третокласен филм. Очигледно е дека зад сето тоа стои пропагандата против Србија – рекла за весникот Цеца Ражњатовиќ.
– Ако оваа жена преживеала нешто такво, нека се утврди кој е виновен и тој нека одговара за тоа, но мојот Жељко не го сторил тоа – додала Цеца.
Според Цеца, многумина можат да потврдат дека Аркан никогаш не останал во Сараево повеќе од три дена, па така тврдењата на М.М. не може да бидат вистинити.
Сведочењето на Бела робинка на Аркан прочитајте го на следниот линк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.