Утрово на бензиската пумпа „Лукоил“ во Автокоманда, скопјанец со своето возило се забил во една од пумпите за точење гориво. Според очевидците, тој со огромна брзина влетал во бензиската пумпа.
Во инцидентот нема повредени, а возилото е речиси демолирано, исто како и станицата за точење гориво, која се наоѓа во центарлниот дел на пумпата.
Возачот, наводно, бил вработен на пумпата и брзал да не задоцни на работа.
Од МВР велат дека незгодата се случила околу 6 часот утрово и дека е регистрирана само материјална штета.

Фото: Ѕид на сообраќајниот срам
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


