Медиумите во Велика Британија информираат дека менаџерот на Манчестер јунајтед, Холанѓанецот Луис ван Гал, повторно сака да потроши голема сума пари во зимскиот преоден рок за нови засилувања.
Последното име кое се поврзува со „црвените ѓаволи“ е дефанзивецот на Германија и Борусија Дортмунд, Матс Хумелс, кој треба да биде најголемото засилување на дефицитарната позиција, централен дефанзивец.
Иако Ван Гал изрази желба да го доведе во своите редови сонародникот Рон Влар, кој е далеку поевтин од Хумелс, но по лошите резултати во Борусија можно е германскиот репрезентативец уште во јануари да се пресели во Манчестер.
Манчестер јунајтед е познат по доведување скапи играчи во дефанзивната линија и до минатата година Рио Фердинанд беше најскапоплатен играч.
Понудата на Ван Гал би била 35 милиони фунти, која во најмала рака ќе се израмни со онаа на градскиот ривал Сити кога го доведе во своите редови Мангала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


