| четврток, 6 декември 2018 |

Жил Бјанки се разбуди од кома

Дваесет и петгодишниот француски возач во Формула 1 Жил Бјанки, кој на 5 октомври беше тешко повреден на трката во Јапонија, се разбуди од кома и е пренесен во болница во Ница, соопшти неговото семејство.

Младиот Французин се здоби со тешки повреди на главата при ударот во кран, кој го извлекуваше друг болид излетан од патеката на истиот свијок.

bjanki

25-годишниот пилот на Маруси се наоѓаше во критична состојба и беше ставен во предизвикана кома, а сега неговата здравствена состојба е доволно стабилна за негов транспорт во познатата болница во Ница.

– Жил се разбуди од кома. Дишe без помош на апарати, неговите витални знаци се добри, ама неговата состојба сè уште е критична – се наведува во соопштението од семејството на Бјанки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top