Наскоро од „Фејсбук“ нема да треба да се одлогирате. Новиот сервис на корисниците ќе им овозможи комуникација со колегите, поврзување со деловните соработници и познаници, како и заедничка работа на документи, односно на проекти. Новиот сервис ќе изгледа како класичен ФБ профил, наведува „Фајненшл тајмс“ цитирајќи извори, а на корисниците ќе им овозможи комплетно да ги разделат приватниот од деловниот профил на Фејсбук.
Така Фејсбук на работа или FB@Work – ќе стане алатка за самата компанија. Станува збор за систем каков што се користи во самиот Фејсбук, каде алатките се користат за организација и координација на работата на поединечни тимови.
Марк Зикерберг со новиот сервис ќе добие прилика подобро да го следи своите 1,35 милијарди корисници со оглед на тоа дека бројните работодавачи го блокираат Фејсбук на своите вработени и мрежата на осум часа губи увид во тоа што го работат. Попрецизното следење би значело и подобро таргетирање на огласите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.