Владиката Тимотеј, архиереј на Дебарско-кичевската епархија, го загуби спорот пред Управниот суд за експропријацијата на земјиштето на манастирот „Св.Наум“, пишува „Дневник“. Тимотеј ја тужеше државата заради обидот да го одземе ова земјиште за изградба на туристички комплекс. Владиката тврдеше дека земјиштето се одзема по багателна цена, во момент кога црквата не е заинтересирана да го продава.
-Синодот на МПЦ со жалење ја прими информацијата на надлежниот епархиски архиереј на Дебарско кичевската епархија г.Тимотеј за неговиот исход во судскиот спор пред Управниот суд во Скопје за процесот на експропријација на имотот на манастирот „Свети Наум Охридски“, со што негативно ќе влијае на понатамошниот духовен раст на ова наше вековно светилиште, стои во денешното соопштение од седницата на Синодот, без да се наведта повеќе детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.