Teлата на Мис Хондурас, 19-годишната Мариа Хозе Алварадо и нејзината сестра Софија Тринидад (23) закопани во близина на река во планинскиот регион Санта Барбара, јавува Ројтерс.
Двете девојки исчезнале во четвртокот, кога за последен пат биле видени како напуштаат забава во автомобил без регистерски таблички.
– Може да потврдиме дека сестрите Алварадо се пронајдени. Исто така пронајдено е и оружјето со кое биле убиени и возилото со кое биле пренесени до местото каде што биле закопани, изјавил шефот на единицата за истражување на криминални дејствија Леандро Осарио.
Министерот за внатрешни работи Артуро Коралес изјавил за локалните медиуми дека за убиството е виновно момчето на сестрата на Мис Хондурас.
Алварадо требало да патува на натпреварот Мис на светот во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.