
Директорот на Управата за државна безбедност и контраразузнување, Сашо Мијалков, ги донираше парите, кои со пресуда за клевета му ги исплати неделникот „Фокус“, на скопскиот Дом за деца без родители „11 Октомври“.
Од јавната установа „11 октомври“ потврдија дека на нивната банкарска сметка ги примиле парите и тие во име на сите деца згрижени во Домот се заблагодаруваат на хуманоста.
Донирани се сите пари, кои се платени како отштета во судски процес во кој Сашо Мијалков го тужеше неделникот „Фокус“ за навреда и за клевета, односно нешто повеќе од 6.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


