| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската невработеност реално помала за 10 отсто

spanija nevraboteniИсклучително е бројна групата на луѓе ангажирани во сивата економија, такви што работат на диво или кои и покрај тоа што се регистрираат како невработени, всушност работат во странство сезонски и се пријавуваат само за здравственото осигурување, смета универзитетскиот професор Томе Неновски во анализата на Дневник.

И стопанственици и економисти се согласуваат дека стапката на невработеност од над 30 проценти, колкава што мери Државниот завод за статистика, е нереален одраз на вистинската невработеност во земјава. Се тврди дека ако се изземат сите што се регистрирани а не бараат работа, стапката на невработеност ќе биде многу пониска.

– Официјална стапка на невработеност е нереална од неколку аспекти. Според се, сметам дека реалната стапка на невработеност е не повеќе од 22 отсто – вели Томе Неновски, универзитетски професор.

Миле Бошков од Kонфедерацијата на работодавачи смета дека и стапка од околу 20 проценти е нереална. Тој тврди дека во земјава има недоследности во пресметките во услови кога повеќе институции не се координирани во водењето на евиденцијата.

– Во Македонија меѓу 10 и 12 проценти од вкупното работоспособно население, навистина бара работа. Ние во земјава уште не сме направиле спојување на неколку регистри, односно евиденции кои би дале појасна слика на ситуацијата, вели Бошков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top