Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 44-годишниот Ѓ.Д. од Богданци за насилство и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
Во кафеаната „Парк“ во Богданци, пријавениот на 3 ноември, без повод и причина почнал да го навредува, а потоа и физички нападнал лице од Богданци, удирајќи го во пределот на главата.
По ова, тој излегол од кафеаната, па повторно се вратил и од пиштол испукал еден куршум.
Откако полициски службеници отишле пред неговиот дом да го повикаат на разговор, пријавениот им упатувал закани, по што се обидел да удри еден од полициските службеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст