| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички го декласира Вардар со 38 разлика

Кошаркарите на Работнички продолжија со убедливи игри во шампионатот, во пресрет на настапите во Супер-лигата. Во последното коло од регуларниот тек на Првата лига, избраниците на Емил Рајковиќ беа надмоќни на гостувањето против Вардар и победија со 98-60.

На почетокот Вардар најави изненадување, ја доби првата четвртина со 23-14, но тоа беше предизвик за фаворитот Работнички. „Гостите“ возвратија уште поубедливо со 32-11, и на одмор заминаа со предност од 12 поени разлика 46-34. Во второто полувреме продолжи доминацијата на кошаркарите на Работнички, кои постојано ја зголемуваа разликата до конечните плус 38.
Најефикасен кошаркар на мечот беше Ненад Зивчевиќ, кој постигна 18 поени, а по 13 поени уфрлија Џон Шарпер, Александар Димитровски и Марјан Ѓуров.
Во редовите на Вардар, по 15 поени постигнаа Жарко Ѓуриќ и Дарко Костески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top