Најверојатно нема да се одреди датумот за почеток на преговорите со Србија во јуни, но ќе одобрат изготување на платформа за преговори. Таквото решение би претставувало преседан, бидејќи претходно во процесот на проширување на Унијата, никогаш не било постапено на ваков начин. Според „Вечерњи лист“ така ќе бидат надминати несогласувањата меѓу земјите-членки на Унијата, а ќе биде испочитуван и ставот на Германија дека се уште е рано за конкретен датум. Истовремено ќе бидат признати напорите на земјата во преговорите со Приштина, додава весникот.
За директорот на српската владина Канцеларија за европска интеграција Милан Пајчевиќ ваквата ситуација е најреална за Србија во моментов.
– Во таков случај нема да бидат официјално отворени, но техничката работа за нивно подготвување ќе почне, што дури е и поважно за Србија, појасни тој.
Во таквата ситуација Србија ќе биде целосно подготвена за почеток на преговорите, откако официјално ќе биде одреден датумот, што може да се случи за шест до девет месеци по почнувањето на работата на платформата, додава „Вечерњи лист“.
Ова прашање треба да биде решено најдоцна до 14 април, на два дена пред Европската комија да се огласи во врска со напредокот на Србија. До крајот на март се очекува во регонот да пристигне еврокомесарот за проширување Штефан Филе и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, пишува „Вечерње новости“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


