Годинава и во Чешка, како и во повеќе земји во светот, се прославува делото на словенските просветители Кирил и Методиј, родени во Солун во деветиот век. Познатите мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија, ја создале глаголицата, првата словенска азбука во 863 година.
Деветти март е датум кога Архиепископот Арношт од Пардубице со царот и кралот Карл Четвртти ги прогласиле солунските браќа за покровители на чешката земја.
– Јубилејот кој е значаен во светот се однесува на целата наша држава и општеството, бидејќи мисионерската мисија на Кирил и Методиј е поврзана со создавањето на првата црковна покраина, како и со првиот државен устав на нашата земја. Затоа е соодветно, Чешката епархија во главниот град на државата да почне со заедничката прослава, рече епископот Франтишек Радковски.
На мисата присуствуваше и вицепремиерот и министер за надворешни работи Карел Шварценберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


