| четврток, 6 декември 2018 |

Светски ден за превенција од насилство врз децата

Светски ден за превенција од насилство врз децата – 19 ноември се одбележува во 88 земји, а годинава „Меѓаши“ ќе алармира за влошувањето на состојбата со насилството врз децата

deca-500

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска се вклучува во глобалната кампања „19 дена за превенција против насилството врз децата“ со што ќе ги одбележи Светскиот ден за превенција од насилство врз децата и Светскиот ден на детето.

Светски ден за превенција од насилство врз децата – 19 ноември се одбележува во 88 земји, а годинава „Меѓаши“ ќе алармира за влошувањето на состојбата со насилството врз децата.

Посебен акцент ќе биде ставен на превенција од зависностите и злоупотребата на наркотични супстанци. Во Република Македонија бројот на случаи на педофилија и родосквернавење е зголемен, но, според „Меѓаши“, многу од жртвите не ги пријавуваат овие случаи затоа што извршителите најчесто се нивни блиски роднини или пријатели.

Според податоците на Детската амбасада, загрижувачки е податокот дека на СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 добиваат и дојави во кои малолетници под 14 годишна возраст се јавуваат како осомничени за сексуална злоупотреба на дете. Сексуалната злоупотреба е особено трауматична за детето и остава далекусежни последици врз севкупниот развој. Затоа потребно е децата да се едуцираат за тоа како да постапат доколку се најдат во опасна ситуација и како да се заштитат од можна злоупотреба.

Превенцијата е најефикасниот облик на борба против злоупотреба на децата, соопшти Првата детска амбасада „Меѓаши“. Како најчест вид насилство во државата, како што информира „Меѓаши“, се јавува семејното насилство. Повеќе од половина или 53 отсто од 215 милиони деца во светот работат во опасни услови, а состојбата, според Првата детска амбасада“ е алармантна и во Македонија.

Според сознанијата на „Меѓаши“, повеќе од 2.000 децата во Република Македонија денот го поминуваат на улица во субстандардни услови, живеејќи под ведро небо, без родителска грижа. Најчесто овие деца се жртви на најтешките форми на злоупотреба на детскиот труд. Загрижува и состојбата со децата без извод од матична книга на родените и деца, кои се исклучени од редовниот и задолжителен образовен процес. Сепак она што е уште позагрижувачки е фактот што во нашата земја не постои официјална база на податоци за утврдување на точната состојба и бројот на овие деца, велат од „Меѓаши“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top