| четврток, 6 декември 2018 |

Роботот Филе детектираше органски молекули на кометата

Роботот Филе пронајде органски молекули, како и неочекувано тврдо тло на кометата 67P/Чурјумов-Герасименко, соопштија денеска научниците врз основа на анализите на првите податоци од примероците.

Малата сонда во саботата западна во хибернација, кога нејзините батерии се испразнија. Претходните 60 часа ги помина во истражување на кометата која се движи кон Сонцето со брзина од 18 километри во секунда.

Контролниот центар во Келн, со кој раководи Германскиот воздухопловен центар (ДЛР), соопшти Филе собрал голем број важни информации за анализа.

– На пат сме да постихнеме подобро разбирање на кометата, рече Екерхард Курт, научен директор на проектот.

Првите анализи покажуваат дека сондата во атмосферата на кометата пронашла органски молекули кои претставуваат елементи на живот на Земјата. Ова откритие би можело да разјасни дали состојките битни за настанување на животот на нашата планета стигнале од кометите.

Останатите анализи покажуваат дека површината на кометата во поголем дел е прекриена со мраз и тенок слој прашина со дебелина од десет до 20 сантиметри.

По десетгодишно патување, сондата Розета минатата среда успешно спушти роботска лабораторија на кометата 67P/ урјумов-Герасименко. Тоа е првпат во историјата еден човечки објект да слета на површина на комета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top