Поранешниот фудбалер и тренер Лотар Матеус се ожени со својата девојка Анастасија Климко со која пред неколку месеци доби и син. Цермонијата се одржала во Словачка, а на истиот ден го крстиле и нивниот син Милан.
Ова е петти брак за некогашниот број еден фудбалер според ФИФА.
– Се надевам дека Анастасија е мојата последна жена – се пошегувал тој во гермаснки „Билд“.
Со првата жена Силвија, Матеус се ожени во 1981 година, а се разведил 11 години подоцна. Потоа кратко беше оженет со швајцарската водителка Лолита Морена, за четири години да биде во брак со српската старлета Маријана Матеус.
Во 2008-мата се ожени со 25 години помладата украинска манекенка Кристина Лилијана Чудинова.
Од петте брака, 53-годишниот Германец има четири деца.
Матеус беше тренер на фудбалскиот клуб Партизан, како и селектор на унгарскиот и на бугарскиот национален тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст