| четврток, 6 декември 2018 |

ЕПП: Местото на партиите е во Парламентот, ниту еден бојкот не е добар

Sednica za nova vlada 01 (Custom)

Европската народна партија (ЕПП), најголемата европска политичка партија, денеска одржа редовно генерално Собрание во Брисел од каде испрати порака до опозицијата во Македонија и во Албанија дека местото на политичките партии е во парламентите.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, за вторпат по големата победа на изборите за Европскиот парламент во мај оваа година, ЕПП одржа Собрание на кое го прослави и изборот на нивните членови, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер за нови претседатели на Европскиот совет, односно Европската комисија.

Пратениците во македонскиот парламент, Владимир Ѓорчев и Антонио Милошоски, денеска присуствува на собирот на европските “десничари” во име на ВМРО-ДПМНЕ која е асоцијативна членка на ЕПП. Притоа, во изјава за МИА, Ѓорчев по Собранието ја пренесе пораката што претседателот на ЕПП, Жозеф Дол и поранешната европратеничка Дорис Пак, како нивни челници, ја испратиле до партиите што на Балканот се одлучиле да го бојкотираат Парламентот.

– Една од главните пораки на денешното политичко Собрание на Европската народна партија, која е и најголема европска партија, беше дека ниту еден бојкот на институциите не е добар и дека местото на политичките партии е во парламентите. Едноставно, според заклучокот на ЕПП, во законодавните домови треба да се одвива политички дијалог, таму треба да се дискутира за сите отворени прашања и да се гласа. Токму затоа и гласаат граѓаните на избори, не само во Македонија, туку и во која било друга земја во Европа, истакна пратеникот Ѓорчев за МИА.

Посебна осуда европските демохристијани денеска испратија и до премиерот на Албанија, социјалистот Еди Рама, кој според нив, врши целосна партизација на државниот апарат по превземањето на функцијата од Сали Бериша и дека се одмаздува на претходните раководни лица во министерствата и во јавната админстрација.

Исто така, поздравувајќи го изботот на нивните членови Туск и Јункер за наследници на Херман ван Ромпуј и на Жозе Мануел Барозо, на Собранието на ЕПП се расправаше и за намалувањето на буџетот на партијата што го добива како најбројна група во Европскиот парламент, како последица на тоа што на последните европски избори, и покрај убедливата победа над социјал-демократите, сепак, оваа партија десно од центарот загуби 52 европратеници во однос на претходнито состав на ЕП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top