Четирисет и четиригодишниот жител на тетовското село Брвеница Борче Николовски го загубил животот откако на него налетал Мерцедес со тетовски регистарски таблички управуван од дваесет и двегодишниот М.В. од село Жеровјане. Според тетовската полиција сообраќајката се случила денеска околу 14 часот на крстосницата од улиците „Кочо Рацин“ и „Браќа Стефановиќ“ во Брвеница. Мерцедесот налетал и удрил во велосипедистот кој се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил однесен во тетовската клиничка болница, но лекарите таму само ја констатирале неговата смрт.
Жителите тврдат дека возачот не застанал и почнал да бега од местото на несреќата при што во тоа се обидел да го спречи М.Н. (31) од Брвеница но при тоа се здобил со полесни повреди бидејќи М.В. со Мерцедесот го продолжил патот и подоцна самиот се пријавил во полициското одделение во Жеровјане.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)