| четврток, 6 декември 2018 |

Ким Кардишјан купува остров за ќерката Норт

Kim-Kardashian-Kanye-West-and-baby-North-lookalikes

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан, повторно успеа да го привлече вниманието кон себе, овој пат со желба да купи остров. Ким сака да и купи остров на ќерка Норт и дури веќе се е насочена кон еден приватен остров, кој се наоѓа во близина на брегот на Квинсленд, Австралија.

Риалити ѕвездата веќе води преговори за купување на островот чие име ќе го смени, во остров Кардашијан.

Според списанието „Australia’s New Idea“, 34 годишната Ким сака да изгради забавен парк за ќерка си на територијата на островот, кој нуди прекрасен панорамски поглед на големиот корален гребен. Во моментов најпознатата од сестрите Кардашијан е во Австралија, за да го промовира својот парфем.

Човекот задолжен за продажба на островот, потврдува дека разговарал со многу важна личност , но не сакаше да открие дали тоа навистина е Ким.

– Неможам да потврдам дали тоа е Канје Вест или Ким Кардашијан или Барак Обама, вели австралиецот.

Островот е со површина 9,41 хектари, има неверојатни тропски градини, замок со четири спални и површина за хелихоптер.

Пред некое време и Џулија Робертс исто така била заинтересирана за купување на „Turtle“ на бреговите на Австралија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top