Црногорскаиот пејач Бојан Маровиќ во Македонија ќе допатува неколку дена пред да се појави на МАРС 2014 година, а оваа сабота, 22 ноември, заедно со својата придружна група ќе настапи во клубот „Импакт“ во Велес.
Маровиќ ќе се појави на претстојниот Македонски радиски фестивал МАРС 2014 година, каде што како регионална ѕвезда ќе ја добие наградата во чест на јубилејот 10 години од неговиот прв концерт во кариерата одржан токму во Универзална сала во Скопје, која е организатор на МАРС, а град Скопје кој одбележува јубилеј – 70 години од ослободувањето е главен финансиски поддржувач на фестивалот од неговото основање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


