Скопје денеска ќе биде домаќин на меѓународна конференција на земјите–членки на здравствената мрежа на Југоисточна Европа.
На конференцијата е најавено присуство на поголем број претставници од 10 земји-членки на здравствената мрежа на ЈИЕ. На отворањето ќе се обратат министерот за здравство Никола Тодоров и регионалната директорка на Светската здравствена организација за Европа, Сузана Јакаб.
Ќе се дискутира за повеќе актуелни теми поврзани со идните активности на здравствената мрежа на Југоисточна Европа, како што се спроведување на стратегијата Здравје 2020 на Светската здравствена организација, мобилност на здравствени работници, како и регионалните аспекти на подготвеност и одговор за справување со јавно-здравствени ризици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст