Познатата фолкерска брачна двојка Татјана и Новица Лазаревски заедно со двата сина, на крајот на годинава ќе се селат од Македонија и во иднина ќе живеат во Мелбурн, Австралија. Двојката веќе подолго време размислувала за овој чекор, а Новица бил тој што ја убедувал Тања да се преселат.
Семејството Лазаревски добило иселенички визи и веќе се пакува. Тања планира во Мелбурн да работи како учителка, а Новица веќе барал работа преку интернет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.