| четврток, 6 декември 2018 |

Утре облачно време со дожд

Времето утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во западните делови, а ќе дува и умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 14 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

Во среда се очекува на повеќе места врнежите од дожд да бидат пообилни, а на некои повисоки планини можно е попладне да поминуваат во врнежи од снег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top