Американскиот воен врв повторно ја убедува јавноста и Конгресот дека руската и кинеската моќ стануваат опасност.
Заменик претседателот на Комитетот на Вооружените сили на САД, адмиралот Џејмс Вајнфелд, објавил дека воената подготвеност на земјата мора да биде одржувана на потребната висина поради растечкиот воен потенцијал на Русија и Кина.

Укажувајќи на тоа дека во САД завршиле изборите за Конгресот, а дека набрзо почнува долгата претседателска трка, Вајнфелд предупредил дека Вашингтон, покрај сè, мора да одржува “стратешка рамнотежа”.
– Доколку постапиме паметно можеме да ја постигнеме, додека не е доцна, рамнотежата која е поволна за нас. Доколку не бидеме паметни, ќе се соочиме со последиците – нагласил тој.
Државите како Русија и Кина, додал Вајнфелд, не седат со прекрстени раце. Руската агресија на Украина не е единствен пример за тоа, пишува официјалната страна на министерството за одбрана на САД.
– Штитејќи ги својот сојузници, ние секогаш сме сметале на својата надмоќ во сила и можностите во целост. Меѓутоа, сега таа надмоќ е во опасност. И Русија и Кина инвестираат во нови видови вооружување, вклучувајќи прецизна, како и стелт технологија, беспилотна технологија и засилување на своите можности во космосот и сајбер-сферата. И, секако, модернизација на својата нуклеарна сила – подвлекол Вајнфилд.
Конгресмените: Обама да ја прекине соработката со Русија
Потои информација дека шефот на одборот на Конгресот на САД за прашања за вооружените сили, Хауард Мекоун, претседателот на одборот за стратешки сили, Мајкл Роџерс и раководителот со пододборот на долниот дом за тактички воздушни и копнени сили Мајкл Терн – му кажале на претседателот на Обама во целост да ја прекине секоја соработка со Москва.
Како причина навеле – поставување на Крим како носач на тактичко нуклеарно оружје.
Според тврдењата на овие влијателни конгресмени, на почетокот на август руските власти донеле одлука за префрлување на Крим на бомбардерите Tu-22M3 и оперативно-тактичкиот систем “Iskander-M”, кои имаат можност да лансираат крстаречки ракети R-500 со висока прецизност, кои меѓу другото, се опремени со нуклеарни боеви глави.
Подлогата за овие изјави е навистина богата. Вашингтон веќе неколку години ја обвинува Москва за кршење на Договорот за РСМД. Минатата година како повод за тоа послужиле истражувањата на R-500.
По пробното лансирање проектилот летал 2.600 километри. Треба да се признае дека ракетите со толкав дострел навистина се забранети со договорот. Москва официјално не дала никакво објаснување во врска со тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



