Неодамна е објавена листа на најмалите градови на светот, а во првите пет се наоѓаат и два града од регионот.
Најмалиот град на светот е Бјуфорд во Америка во кој живее само еден човек, а интересно е што тој жител воедно ја извршува и функцијата градоначалник.
На второто место се наоѓа хрватското градче Хум во кое живеат 17 луѓе.
Трет е чешкиот град Рабштеј со 20 жители, а четвртото место го завзема бугарското градче Мелник во кое живеат „дури“ 390 луѓе.
Според листата за најмали градови на светот, петтото место му припаѓа на рускиот град Чекалин. Во ова место живеат 992 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.







