За време на еден бакнеж се разменуваат 80 милиони бактерии, откриваат странските експерти. Споделувањето на овие бактерии значи дека и двајцата партнери можат да се борат со инфекциите кои можат да си ги предадат еден на друг.
Откриле дека паровите се бакнуваат доволно често и доволно долго, а тоа значи во просек девет пати дневно, на крајот имаат многу слична заедница на микроби во својата уста.
– Бакнежи со јазик и размена на плунка се единствени за луѓето и се среќаваат меѓу 90% од културите во светот. Сегашните објаснувања за функциите на бакнежите со јазик имаат важна улога за микробиотатите во усната шуплина, иако можеби не се спроведени истражувања на ефектите од бакнежите со јазик за усниот микробиот – вели Ремко Кортни од Холандската организација за применети научни истражувања.
Паровите кои се бакнуваат со јазик по 9 пати на ден, имаат многу сличен микробиот. Тоа значи дека тие се многу подобро подготвени да се справат со инфекции.
Иако податокот за 80 милиони бактерии звучи застрашувачки, тоа е всушност добра работа, бидејќи тоа е еден вид на „вакцина“ и изградба на имунолошки отпор на изложеност на различни микроорганизми.
„Ако гледаме од тој агол, бакнувањето е многу здрава работа“, изјави Корт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


